Вистинско лудило, ова е идеален опис на првото полувреме од Ел Класико што Барселона и Реал го играат во 35-то коло од Примера. Не е грешка – резултатот на полувреме е 4:2. И во првите 15 минути, не изгледаше дека ќе биде така.
Килијан Мбапе постигна два гола за 14 минути, првиот во петтата, вториот во 14-тата. И се чинеше дека Барселона е во нокдаун. Но… Врати Гарсија во 19-тата минута. Па Ламин Јамал во 32 за 2:2. И потоа Рафиња погодува за пресврт. И секако „луда“ ВАР ситуација и голот на Мбапе поништен во 44-тата минута. И само минута подоцна нова мајсторија на Рафиња за 4:2 за Барселона. Длабоко во судиското продолжение беше поништен уште еден гол на Мбапе. Овој пат офсајдот беше очигледен.
