ФУДБАЛ

Какво искупување поради црвениот картон: Роналдо на соиграчите им подари вредни поклони

Кристијано Роналдо е секако еден од најдобрите фудбалери во светот на сите времиња. Личност која во секое време воодушевува со своето однесување и едноставност без оглед на славата и сите придобивки што доаѓаат со тоа.

Голманот на Јувентус, Војчех Шчесни се потсети на настанот пред две години во интервју за медиуми во Полска.

„Во тоа време тренерот Макс Алегри имаше јасно барање од секој играч кој добива црвен картон дека мора да се искупи на неговите соиграчи на кој било начин. Така, Роналдо доби црвен во мечот против Валенсија. Тој го напушти теренот во солзи и ја доби поддршката од сите нас. Алегри без оглед на се, инсистираше да се почитува договорот“, рече Шчесни и додаде:

„Два месеци подоцна, тој на сите ни подари iMac“

Шчесни признава дека и тој морал да се искупи на соиграчите поради црвениот картон.

„Им купив слушалки на момците“, заврши Шчезни