Црногорскиот дефанзивец Стефан Савиќ вечерва беше жртва на бруталниот дриблинг на бразилскиот играч за врска Фред.
Во текот на првото полувреме од натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид, Фред почна да се пробива, а пред него стоеше цврст дефанзивец.
Сепак, тоа не му пречеше на Бразилецот да го исфрли Савиќ од игра со дриблинг. Го мина како во мал фудбал, но за негова несреќа не успеа да испрати пас до соиграчите за евентуален гол.
Сепак, неговиот потег е најубавото нешто видено во претходните години на „Олд Трафорд“, но и во Лигата на шампионите.
https://streamable.com/7xoe07