Екипата на Каљари се искачи на високот петто место со 14 бодови откако денеска го совлада тимот на Спал со 2:0. Особено беше прекрасен голот на Наинголан за 1:0, вистинска „бомба“.
Рома не успеа да победи и ова коло откако одигра 0:0 на гостувањето кај Сампдорија. Удинезе со 1:0 беше подобар од Торино.
Во првата денешна пресметка, фантастичен меч одиграа Сасуоло и Интер на кој беа постигнати вкупно седум гола. На крајот победи Интер со 4:3.
На табелата Јувентус е прв со 22 бодови, Интер втор со бод помалку, потоа следува Аталанта со 18 и Наполи 16.
Серие А, 8.коло, парови и резултати:
Недела:
Сасуоло – Интер 3:4
Каљари – Спал 2:0
Сампдорија – Рома 0:0
Удинезе – Торино 1:0
18:00 ч. Парма – Џенова
20:45 ч. Милан – Лече
Сабота:
Лацио – Аталаната 3:3
Наполи – Верона 2:0
Јувентус – Болоња 2:1
Понеделник:
Бреша – Фиорентина