Напаѓачот на Милан, Никола Калиниќ конечно треба да направи трансфер во Атлетико Мадрид.
За заминувањето на Калиниќ во редовите на Јорганџиите, се зборув долго време, а овој трансфер според бројни шпански и италијанските медиуми одамна е пред реализација.
Сепак, Калиниќ се уште е во Милан, но сега италијанскиот експерт за трансфери Џанлука Ди Марцио соопшти дека конечно се е спремно за финализирање, па хрватскиот напаѓач трепа да ги помине само лекарските прегледни, а потоа да биде претставен во дресот на Атлетико Мадрид.
Калиниќ треба да пристигне во Атлетико на едногодишен заем, а ќе имаат можност да го откупар договорот за околу 18 милиони евра.
Никола Калиниќ минатото лето од Фиорентина дојде во Милано за околу 25 милиони евра, а во минатата сезона постигна шест гола за Росонерите.