Атлетико Мадрид и Манчестер Сити ремизираа вечерва во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Вечерва немаше голови на стадионот „Ванда Метрополитано“, иако се играше повеќе од 100 минути, а на крајот Сити се пласираше во полуфиналето поради победата од 1-0 во првиот натпревар.
Во Мадрид вечерва, на самиот крај од натпреварот, гледавме неверојатна драма на теренот каде што имаше ужасно многу искри меѓу играчите на двата тима.
Се започна кога Фелипе намерно го удри Фоден, за што на крајот доби црвен картон, но по тој прекршок настана хаос на теренот.
Од ударот Фоден се тркалаше на теренот, а тоа го изнервира Стефан Савиќ, кој сакаше да се степа со него, но за среќа Зинченко успеа да го спречи и да го оддалечи од Фоден.
Сепак, Савиќ таму не се смири и го продолжи конфликтот со Гралиш, кој го имаше од првиот натпревар.
Тие прво се расправаа, а потоа Савиќ го повлече за коса играчот на Сити, што камерите успеаја да го снимат. Тоа беше крајно груб потег на поранешен играч на Граѓаните кој за среќа не се пресмета сп судиите.
Don Stefan Savic.
— LMR⚡ (@LEMARISMO__) April 13, 2022