ФУДБАЛ

Камерите снимиа што зборуваше Ди Марија додека одеше кон тунелот

Фудбалерите на ПСЖ синоќа се простија од Лигата на шампионите по поразот во полуфиналето од Манчестер Сити.

Манчестер Сити синоќа успеа да обезбеди пласман во финалето на Лигата на шампионите за прв пат во својата историја.

Граѓаните синоќа победија на „Етихад“ со 2:0 и на крајот се пласираа во финалето со вкупни 4:1 што ќе се игра на крајот на овој месец на стадионот „Ататурк“ во Истанбул.

Сепак, по натпреварот имаше многу критики од ПСЖ кон судијата Бјорн Кујперс. Сè започна на крајот од мечот кога Анхел Ди Марија доби директен црвен картон за удирање во Фернандињо.

Аргентинецот направи голема будаламност и заслужено доби црвен, а Фернандињо сето тоа го направи на многу лукав начин и ја искористи нервозата на Ди Марија.

Сепак, медиумите во Англија пишуваат дека нивниот судир не запрел тука. Ди Марија беше лут што Фернандињо толку многу го испровоцира, а кога го напушти теренот, му испрати неколку навреди на Бразилецот.

“Фернандињо, ти си кучка, дали можеш да ме чуеш, кучкин син. Ќе се видиме подоцна”, му рече Ди Марија на играчот од средниот ред на Сити додека одеше кон тунелот.

После тоа се појавија искри на теренот, а во центарот на вниманието беа Андер Ерера и Марко Верати, кои беа многу близу до црвениот картон. После мечот ги изненадија сите со изјави дека Кајперс им рекол „Е** се“ за време на натпреварот.

“Судијата двапати ми рече да се е*ам. Ќе добиеме 10 натпревари суспензија за вакви зборови”, тврди Верати, а Ерера рече нешто слично.

“Судијата му рече на Леандро Паредес да се е*и. Ако го кажевме тоа, ќе добиевме три или четири натпревари суспензија”, рече Ерера по натпреварот на „Етихад”.