Фудбалската репрезентација на Камерун е првиот полуфиналист на Африканскиот куп на нации.
Камерунците во првото четвртфинале ја оправдаа улогата на фаворити на домашен терен и ја совладаа Гамбија со 0:2.
Првото полувреме помина во многу борбена игра на двете страни. Гамбијците беа многу добри и во одбраната, имаше неколку добри прилики пред двата гола, но на пауза се замина со резултат 0:0.
Во продолжението сепак до израз доаѓа искуството и квалитетот на Камерун.
Се играше во 50. минута кога Токо Екамби погоди за 0:1 на асистенција на Фаја.
После тоа, уште неколку шанси за Камерунците, кои одиграа многу офанзивно во вториот дел, а Токо Екамби го постигна својот втор гол во 57. минута за 0:2, сега асистент беше Хонгла.
До крајот на натпреварот останаа споменатите 0:2 за Камерунците кои во полуфиналето го чекаат подобриот од дуелот Египет – Мароко.