Томас Милер е икона на Баерн, тешко е да се замисли клубот од Минхен без неговата „бројка 25“, но во последно време се повеќе се шпекулира дека легендарниот германски репрезентативец ја менува средината.
Милер целата кариера ја мина во Баерн, а од доаѓањето на Томас Тухел на клупата на германскиот шампион автоматски падна во втор план.
Поради сето ова почнаа гласини дека Милер би можел првпат да ги промени клупските бои на крајот од сезоната, но таквите гласини веднаш ги прекина директорот на Баерн, Оливер Кан.
„Тоа нема да се случи. Дури и Милер да сака да замине, јас би го спречил“, изјави Кан за Билд.
Според германските медиуми, Милер има понуди од Соединетите Американски Држави и Саудиска Арабија.
„Томас е фит, никогаш не бил повреден и има неверојатен карактер. Тој е важен за целата структура на Баерн. Сигурен сум дека ќе одигра уште многу натпревари за нас“, додаде Кан.
