ФУДБАЛ

Кандрева го напушта Интер

Антонио Кандрева, крилниот напаѓач на Интер, сака да го промени клубот и сега се отвора можноста да оди во Торино.

Кандрева не е задоволен со минутажата во Интер, во кој се наоѓа од 2016 година, а сега размислува да го напушти клубот.

Според италијанскиот печат, реална опција е да се пресели во Торино, кој ќе се обиде да го доведе на заем до крајот на сезоната, а потоа може да го откупи договор.

Кандрева се надева дека со игрите во друг клубот од типот на Торино ќе добие шанса повторно во репрезентативниот тим, за кој не играл од март.

Кандрева има 31 година и сигурно не сака да биде резерва во оваа фаза од кариерата, а пред Интер, играше три години за Лацио.