Легендарниот голман на Валенсија, Сантијаго Канизарес имаше само лоши зборови за Роналдо Куман.
Поранешниот шпански голман имаше можност да работи со Роналд Куман во Валенсија и смета дека Холанѓанецот е најлошиот тренер со кој некогаш работел.
“Јас бранев во Валенсија 10 години и во тој период работев со осум различни тренери, но Куман е убедливо најлошиот со кој сум работел. Не знаеше како да управува со тимот, ниту донесе правилни одлуки. Тактички не знаеше како да ги објасни основите што очекува од нив на теренот. Тој беше исто така очаен во физичките подготовки“, рече Канизарес.
Куман од доаѓањето во Барселона не направи речиси ништо, а многумина го сметаат за главен виновник за целосниот распад на каталонскиот гигант кога се во прашање резултатите.
Холанѓанецот беше назначен за тренер на Барселона летото 2020 година и покрај тешките порази, до неодамна ги убедуваше сите околу себе дека тој е единствениот што може да ја спаси Барселона и да и донесе трофеи.
По поразот од 3:0 од Бенфика во средата во Лигата на шампионите, се поизвесно е дека Куман ќе добие отказ. Според шпанските медиуми, тој ќе ја води Барселона за последен пат во дербито против Атлетико викендов.
Фаворити за клупата на Барса се Роберто Мартинез и Чави Ернандез, а се споменува и името на поранешниот тренер на Јувентус, Андреа Пирло.
Холанѓанецот беше назначен за тренер на Барселона летото 2020 година и покрај тешките порази, до неодамна ги убедуваше сите околу себе дека тој е единствениот што може да ја спаси Барселона и да и донесе трофеи.