ФУДБАЛ

Кансело чека нова позајмица? Но каква!

Баерн Минхен нема да го купи Жоао Кансело, како што стојат работите, Манчестер Сити повторно ќе се обиде да се откаже од него.

Сепак, проблемот е што малкумина, ако ги има, можат да си дозволат толку скап десен бек како Кансело. Затоа што Сити од неговата продажба очекува да заработи 60-70 милиони евра, а Баерн нема намера да плати ниту приближна сума.

Кансело почна да прави проблеми веднаш штом беше сменет на клупата, исто како што беше случајот во Манчестер Сити, а сега се обидува да го искористи тоа – Барселона!

Жоан Лапорта и Жорге Мендеш се во одлични односи и претседателот на Барса сака да го искористи тоа.

Наводно, Лапорта се обидува да ги убеди и Мендеш и Сити дека Кансело треба да дојде на позајмица во Барселона, бидејќи Каталонците немаат пари да го вратат.

На Барса и треба десен бек, таму најмногу играа Кунде и Араухо, но сепак се стопери по вокација.

Дали Барса е совршена дестинација за Кансело?