Барселона очекува сериозен финансиски прилив во моментот кога ќе се официјализира трансферот на Усман Дембеле во Пари Сен Жермен.
Во меѓувреме, се чини дека Каталонците веќе го најдоа своето следно засилување.
Шпанските медиуми објавија дека Барса постигнала договор за личните услови со Жоао Кансело и дека Португалецот е повеќе од подготвен да го засили клубот од Ноу Камп.
Ќе се бара и модел на овој трансфер, наводно Барса би сакала прво да го позајми Кансело, па во текот на сезоната да се разговара за неговиот конечен статус.
Последниот збор ќе го има Пеп Гвардиола, со кого Кансело не е во најдобри можни односи, меѓу другото и поради тоа вториот дел од минатата сезона го мина на позајмица во Баерн.
Клубот од Минхен не сакаше да го купи, Кансело се врати во Манчестер и го чека исходот од преговорите меѓу „граѓаните“ и шпанскиот тим.
Португалскиот репрезентативец е цврсто под договор со Сити до летото 2027 година, според Трансфермаркт се проценува на 50.000.000 евра, но Барселона во моментов не е подготвена да потроши толку пари.
Работата може да се промени во јануари или на крајот на претстојната сезона, а позајмица во текот на истата може да биде хит за сите страни.
