Жоао Кансело дојде како големо засилување, но последните два натпревари отворија важна тема во Барселона.
Додека Инџиго Мартинез ја подобруваше формата и ја зголемуваше конкуренцијата во срцето на одбраната, дојде до прераспределба, па Роналд Араухо против Реал Мадрид и Реал Сосиедад играше како десен бек, додека Кансело играше како десно крило.
Португалецот таму не се снајде, едноставно, навикнат е да игра од втор план, од одбрана, а како крило не е толку опасен.
Проблем е што кога Кансело игра бек, тимот губи дефанзивно, иако носи многу во нападот, статистиката покажува дека Барса е многу поранлива. Точно, Реал победи, Сосиедад создаде голем број на шанси, но впечаток е дека Чави има повеќе рамнотежа во играта кога позади се Араухо, Инџиго и Кунде или Кристенсен.
Можеби не е невозможно Чави да го проба Кансело на левото крило, наместо Алехандро Балде, кој исто така не е на нивото од минатата сезона. Со Пеп Гвардиола во својот најдобар период, Кансело играше исто како лев бек кој оди во средината, па останува да видиме дали можеби Чави ќе се обиде да игра така, а Араухо ќе го „игра“ Вокер на другата страна.
Треба да се спомене дека заморот можеби си го направи своето, Кансело игра без одмор и не е „ротиран“ од почетокот на сезоната, а најмногу минути помина на теренот по Тер Штеген и Гави.
Се на се, експериментот на Чави со него на десното крило, пред Араухо не вроди со плод, можеби е време за формулата на Пеп и да се обиде да го префрли наместо Балдеа, кој нема конкуренција во Маркос Алонсо, што може да влијае на неговиот послаби игри.
