Челзи го промени тимот ова лето, но имаше збунувачки почеток на сезоната што доведе до промена на менаџерот.
Како Антонио Рудигер Ромелу Лукаку, Андреас Критенсен, Маркос Алонсо, Тимо Вернер и други летово го напуштија Стемфорд Бриџ, а Н’Голо Канте исто така би можел да ги следи нивните стапки.
Французинот има договор со „сините“ кој истекува за неполни 12 месеци и се уште нема вести за продолжување на соработката.
Канте на крајот од сезоната ќе има 32 години, а „сините“ почнаа да го подмладуваат составот. ПСЖ ќе се обиде да ја искористи таквата ситуација и да го привлече во своите редови.
ПСЖ летово го засили средниот ред со Витиња, Ренато Санчез, Карлос Солер и Фабијан Руиз, но според локалните медиуми, Луис Кампос очигледно чувствува дека на овие играчи им е потребна поддршка од некој кој знае како да ги освои најважните трофеи.