ФУДБАЛ

Канте ја открива причината поради која неколку пати го одби ПСЖ

Францускиот играч од средниот ред повеќе пати беше баран од шампионите на Лига 1, но претпочита да остане во Челзи.

Н’Голо Канте ја откри причината за неговата одлука да го отфрли ПСЖ.

Францускиот играч од средниот ред инсистира на тоа дека е среќен во Челзи и нема намера да се пресели од таму.

ПСЖ последниве години постојано го бараше француски претставник.

Според „Goal.com“, францускиот шампион беше подготвен да понуди договор за играчот од средниот ред во јули 2018 година.

28-годишниот играч имаше импресивен настап на Светскиот куп во Русија и ПСЖ го сакаше во своите редови.

Сепак, Канте се чини дека сака да остане лојален на лондонскиот тим.

Постојаните шпекулации никогаш не го заобиколувале.

Во минатото се зборуваше за трансфер во Реал Мадрид, но сепак тој остана во Челзи.