Н’Голо Канте одигра уште еден маестрален натпревар во финалето на Лигата на шампионите, но одличниот Французин нема многу време за пауза.
Канте беше најдобриот поединец на натпреварот во минималната победа на Челзи над Манчестер Сити со минимални 1:0, а УЕФА го прогласи за играч на натпреварот.
Овој неуморен „мотор“ од 168 сантиметри е еден од најконстантните играчи во светот на фудбалот во последните неколку години и е омилен кај поголемите љубители на фудбалот.
Освен што никогаш не се предаваше на теренот, Канте е познат и по својата скромност и понизност, а многу често срамежливо им приоѓа на пехарите и трофеите што ги освојува.
И во финишот на мечот Челзи – Манчестер Сити не знаеше како да постапи за да украде време, иако имаше совршена можност за тоа. Сите овие детали ги тераат сите да го ценат и почитуваат.
За каков човек е Канте најдобро покажува сцената од 2018 година кога доцнеше на собирот на француската репрезентација, а Дидие Дешамп како да едвај го дочека.
Наместо да му честита и да му се восхитува на играчот од средниот ред за сè што стори, Дешамп веднаш започна да го испитува Канте зошто доцни.
Love this clip.
Chelsea & France star N’Golo Kante is a fantastic footballer but an even better human ☺️🚂 @Jon_LeGossip @siphillipssport @lbertozzi pic.twitter.com/uwzEBQKsOe
— Sacha Pisani (@Sachk0) June 2, 2021
Канте одговори дека возот доцнеше, а Дешамп му рече дека требаше да трча, бидејќи тој е побрз од возот.
Неколку месеци подоцна Канте беше одличен на Светското првенство и има голема заслуга зошто Франција стана најдобра на Светското првенство во Русија.
Искусниот 30-годишник е во животна форма. Тој веќе е меѓу првите кандидати за Златната топка, а доколку стане европски шампион со Триколорите, неговите шанси сигурно значително ќе се зголемат за престижната награда.