Македонската репрезентацоија утре на домашен терен ја пречекува репрезентацијата на Ерменија во пресрет на квалификациите за светското првенство кое ќе се одржи следната година.
Во пресрет на утрешниот натпревар, Жоакин Капарос, селекторот на Ерменија на денешнаа прес-конференција истакна дека добро ја познава нашата репрезентација и покрај тоа што имаме нов селектор, а исто така додаде и дека неговата селелкција утревечер треба да одигра тимски.
„Имам многу големо и убаво мислење за Македонија, знам имате нов селектор, но знам и дека 80 отсто е истиот тим кој играше досега и Македонија добро ја знаеме. Наше е дека треба да дадеме максимум и дека треба да одиграме добар меч, а во фудбалот секогаш ќе има заминувања на селектори, фудбалери, но најважно од се е дека мора да играте постојано на високо ниво“, рече Капарос и додаде:
„Утре ќе се обидеме да играме тимски, а Мхитарјан е еден искусен фудбалер, одличен и многу талентиран, чие присуство дополнително ќе ни помогне да одиграме на високо ниво. Мхитарјан посебно што ќе му помогне на овој тим е да им го пренесе тоа искуство на другите соиграчи и целиот тим“.