ФУДБАЛ

Капело: Роналдо сам е виновен за ова што му се случува

Легендарниот италијански селектор Фабио Капело се осврна на неодамна завршеното Светско првенство во Катар.

За почеток со победникот Лионел Меси.

– За мене тој беше на исто ниво како Марадона и пред Светското првенство. Пеле, Меси и Марадона направија работи што другите не можат ни да ги замислат – изјави Капело.

А потоа и Роналдо.

– Сем е виновен за тоа што му се случува. Неговиот фудбалски квалитет не може да се доведе во прашање, но тој беше арогантен. Тој се нудеше наоколу и не можеше да најде некој што сака да го земе. Тој стана товар за тимот.

Конечно интересно гледиште за случајот Бензема и дали ќе беше поинаку доколку Дешан го вметнаше во финалето.

– Не згреши, истото го направив и со Савиќевиќ пред финалето на Интерконтиненталниот куп во 1993 година. Тоа утро на денот на натпреварот ми рече дека е подготвен за игра откако го направив целиот план со Радуцоју. Од почит, не му дозволив да игра. Мислев дека поинаква одлука нема да биде фер за тимот. Останува прашањето дали Милан и Франција ќе освоија повеќе трофеи со Савиќевиќ и Бензема? Веројатно да.

ПОВРЗАНО

Светско првенство 2026