ФУДБАЛ

Капетанското ветување на Хари Мегваер

Манчестер Јунајтед се прости од Лигата на шампионите со пораз од Атлетико Мадрид на Олд Трафорд (1:0).

„Црвените ѓаволи“ ги разочараа своите навивачи, а капитенот на тимот Хари Мегваер повторно е под тежок удар.

Најскапиот дефанзивец во светот повторно имаше ’жолта минута’ на теренот, поради што повторно беше жестоко навредуван на социјалните мрежи.

По мечот со Атлетико Мегваер имаше „капитенски изглед“ и рече дека ќе направи се за да го обедини тимот во последниот дел од сезоната.

„Сигурно ни претстојат неколку многу важни недели. Треба да одмориме од се за да се вратиме посилни за натпреварите што следат“, рече Мегваер и додаде:

„Имаме уште девет многу важни натпревари во Премиер лигата. Мораме да се обидеме со се за да ги победиме и да останеме заедно. Мојата работа како капитен е да се погрижам да бидеме сите заедно. Барем тоа им го должиме на навивачите“, рече Мегваер.

Манчестер Јунајтед моментално е на петтото место во Премиер лигата со 50 бодови, но голем проблем е што Арсенал е четврти во три натпревари, а „топчиите“ имаат голема предност во борбата за Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига