ФУДБАЛ

Капитенот на Ливерпул „надвор“ до крајот на сезоната

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон ја заврши сезоната.

Играчот од средниот ред го повреди коленото во последниот натпревар на Ливерпул против Брајтон во средата вечерта и затоа нема да ги игра последните четири натпревари.

Тренерот Јирген Клоп изјави дека нема да му треба операција и треба да биде подготвен да ја започне новата сезона.

Патем, „црвените“ во споменатиот натпревар го совладаа Брајтон со 3:1.

Хендерсон беше еден од најважните играчи во составот на Клоп и оваа сезона, и одигра дури 40 натпревари. За тоа време тој постигна четири гола и додаде пет асистенции.