Ливерпул дури ни оваа сезона не успеа да го освои трофејот во Премиер Лигата и покрај тоа што на крајот имаше дури 97 поени.
Спас за сезона ќе биде на 1-ви јуни, кога ќе играат во финалето на стадионот „Ванда Митрополитано“ во Мадрид за титулата европски шамипион.
Од друга страна, Премиер Лигата останува неостварен сон и по 29 години, па затоа ќе сторат сé за по 30 години да го вратат трофејот на Енфилд.
„Сити освои три трофеи оваа година, тоа е она што и ние го сакаме. Нашата цел не е само еден трофеј, туку повеќе. Во секој случај, тоа е она за што се стремиме“, рече Јордан Хендерсон.
Капитенот на Ливерпул не го криеше разочарувањето што неговиот тим со 97 поени не успеа да ја освои титулата, но не е никаква тајна дека надежта за спасување на сезоната лежи во дуелот со Тотенхем.
„Не можеме да го смениме она што се случи, па мора да се фокусираме на она што го очекуваме, а тоа е финалето на Лигата на шампионите. Бевме разочарани, но во фудбалот сè се менува многу брзо. Сезоната завршува на вистинскиот начин“, додаде Хендерсон.