ФУДБАЛ

Капитенот Ристовски со „Васко Жабата“ им посака добредојде на Бугарите: Сега на нас е редот да ве пречекаме европски!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски нема да биде во можност да настапи на вечерашниот меч помеѓу Македонија и Бугарија поради повреда. Сепак, тој на социјалните мрежи им посака добредојде на Бугарите. Објави фотографија негова, со порака „Добредојдовте во Македонија, сега на нас е ред да ве пречекаме европки“. Воедно Ристовски ја „закачи“ и популарната песна „Васко Жабата“.

За македонските фудбалери, неговите соиграчи од националниот тим Ристовски им порача „Среќно браќа мои“.