Ден по ремито на Ливерпул со Кристал Палас, главна тема во англиските медиуми е црвениот картон на Дарвин Нуњез.
Свое мислење на оваа тема по натпреварот имаше и Јирген Клоп , а имаше што да каже и Џејми Карагер, кој смета дека Нуњез го изневери и тимот и себе си. Свое мислење има и Гери Невил кој вели дека и тој самиот имал вакви моменти во текот на кариерата.
Сигурен сум дека тој добро знае што направил и дека ќе биде уништен од тоа“. Го изневери и тимот и себеси“, изјави поранешниот дефанзивец на Ливерпул.
„Да останеше на теренот до крај, сосема сум сигурен дека Ливерпул ќе победеше. Не се работи само за еден натпревар, може да се случи да не го гледаме во најдобро издание со недели, можеби пет недели“, додаде Карагер.
Нуњез во текот на целиот натпревар имаше многу остри дуели со Јоаким Андерсен, кој не остана во заборав. Сè кулминираше откако Андерсен го оттурна Нуњез, а овој се сврте и со цело тело удри во својот ривал, соборувајќи го на земја.
„Тоа беше момент на лудило. И на претходните натпревари видовме дека е многу борбен, тоа беше пристоен удар до врвот на носот. Но, тој ќе извлече поука од ова. Вакви работи сум правел сам во мојата кариера, понекогаш не знаеш зошто така реагираш. Правиш нешто, а потоа излегуваш и размислуваш – зошто го направив ова. Тоа е како затемнување“, додаде Гери Невил.
Освен што се подготвува за сериозен разговор со Уругваецот, Клоп има и теорија зошто неговиот тим се справува со толку многу повреди на почетокот на сезоната, а проблемот е далеку од мал:
„Навистина е како да сме на пресвртница. Секој ден некој нов испаѓа од ротацијата. И тогаш мислиш што се случува, дали имаме вештерка во зградата?“
Ливерпул има два бода од две кола, по дуелот со Фулам и Кристал Палас. Следниот понеделник ќе му гостуваат на Манчестер Јунајтед.