Тренерот на актуелниот шампион на Англија,Антонио Конте, се уште не се откажува од намерата да ги осигура услугите на белгискиот интернационалец од редовите на Атлетико, Јаник Караско.
Трофејниот италијански стручњак е убеден дека се потребни околу 40 мил. фунти за да се осигураат услугите на крилниот напаѓач.
Белгискиот интернационалец се почесто ја грее клупата за резервни фудбалери и затоа во игра е и опцијата да ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок.