Кардиф ќе го изведе Нант на суд барајќи 110 милиони евра за трансферот на Аргентинецот Емилијано Сала, кој загина на 21 јануари 2019 година во авионска несреќа пред да потпише за тогашниот премиерлигаш Велшки клуб.
По падот на авионот кој го превезуваше Сала, двата клуба се спорат околу трансферната сума пред трагедијата. ФИФА го принуди Кардиф да ја плати првата рата од сумата од 6 милиони евра – одлука силно оспорувана од клубот, кој го обвинува Нант за трагедијата, како и менаџерот на играчот кој го договорил патувањето.
Според „L’Équipe“, тимот од Чемпионшип бара 110 милиони евра за претрпените штети. Сепак, според „RMC Sports“, Нант не е загрижен и смета дека ова е едноставно стратегија за избегнување на плаќање на преостанатите рати. Трансферот беше договорен за 17 милиони евра.
