ФУДБАЛ

Кариерата на Иниеста продолжува во Јапонија

Шпанскиот фудбалер Андрес Иниеста својата кариера ќе ја продолжи во јапонскиот шампионат, откако неодамна се прости од Барселона.

Висел Коби е името на неговиот нов клуб, а таму ќе биде пречекан од страна на поранешниот германски репрезентативец Лукас Подолски, кој е во Јапонија од летото од 2017 година. 

Легендарниот Шпанец ќе пристигне во Јапонија денес и клубот ќе одржи прес-конференција на која ќе биде и Иниеста, но и Хироши Микитани, извршниот претседател на Ракутен, еден од главните спонзори на Барселона. 

https://www.instagram.com/p/BjIVcL_AmhW/?utm_source=ig_embed