ФУДБАЛ

Карим Бензема повторно херој на Реал Мадрид!

Реал Мадрид го совлада Атлетик Билбао со 1-0 во одложениот натпревар од 9.коло на Ла Лига.

Кралевите во мечот со стариот ривал влегоа како големи фаворити, а на крајот успеаја да дојдат до триумф и победа.

Херој повторно е Карим Бензема. Неверојатниот Французин ја искористи шансата што му се укажа во 40. минута и постигна гол за 1:0.

Претходно Лука Модриќ се обиде да шутира, но шутираше лошо, но Бензема беше на вистинското место.

Во вториот дел свои шанси имаа и фудбалерите на Атлетик. Имаа неколку опасни ситуации пред голот на Реал, но не можеа да стигнат до голот.

Реал постигна три многу важни бода. Со нив дополнително се зацврстија на првото место на табелата и сега се седум бодови повеќе од Атлетико Мадрид.

ПОВРЗАНО

Ла Лига