ФУДБАЛ

Карим Бензема со објава стави крај на пријателството со Килијан Мбапе?

Одличниот напаѓач по голема сага се согласи на нов тригодишен договор со парискиот клуб, поради што го одби Реал Мадрид.

Мбапе одигра двоен натпревар. Во Мадрид беа убедени дека ќе потпишат за овој клуб, а меѓу оние кои се чувствуваат изневерени е и Карим Бензема.

Очигледно Мбапе му ветил дека ќе стане ’Крал’, па денеска искусниот напаѓач објави неколку објави на Инстаграм кои очигледно се посветени на Мбапе.

Последниот во серијата е многу интересен. На него се појавува познатиот рапер Тупак со човекот кој го предал пред да биде убиен во Лас Вегас во 1996 година.

Очигледно е дека Карим го смета Килијан за предавник за се што направил и ќе биде интересно да се види нивниот однос во француската репрезентација откако сето ова ќе заврши.

Фотографијата зборува повеќе од 1000 зборови…