ФУДБАЛ

Кариус сосема јасен: Јас имам договор со Ливерпул

Германскиот голман Лорис Кариус (26) би можел ова лето да се врати во Ливерпул.

Овој 26-годишен чувар на мрежата ги мина изминатите две сезони во турскиот Бешикташ на позајмица, но се надева дека може да добие уште една шанса на „Енфилд“.

„Факт е дека имам договор во Ливерпул до 2022 година и не ме интересираат никакви шпекулации. Во моментов размислувам да ја прекинам сезоната со Бешикташ, а летото е сè уште далеку, особено кога сè уште не е познато што ќе се случи со сезоната”, рече тој Кариус и додаде:

„Честопати се слушам со тренерот на голмани, Џон Ахтерберг. Тој е мојот прв контакт таму. Се слушам исто така и со Јирген Клоп и со сите други членови на тимот. Ние секогаш сме во контакт“, рече Кариус.

Кариус го оствари својот последен настап на голот на Ливерпул во 2018 година кога направи две големи грешки во финалето на Лигата на шампионите во кое неговиот тим беше поразен од Реал Мадрид со 3: 1.

После тоа, Алисон Бекер од Рома беше купен и Кариус замина на позајмица.