Синоќа Реал Мадрид го победи градскиот ривал Атлетико Мадрид со 2:1 на стадионот „Ванда Метрополитано“.
Кралевите релативно лесно го победија својот голем ривал. Примија гол во финишот што малку го вжешти натпреварот, но на крајот ништо не му дозволија на домаќинот.
По натпреварот следеше неспортски потег на Диего Симеоне. Тренерот на Атлетико одби да се поздрави со Карло Анчелоти и отиде директно во соблекувалната.
Се уште не е познато дали имало несогласувања меѓу нив за време на натпреварот, но сигурно е дека шпанските медиуми темелно ќе истражат што се случило.
Тие зборуваа многу пред натпреварот, а ние им покажавме кои сме“, изјави Бразилецот Родриго по натпреварот.
Задоволен од победата е и Карло Анчелоти. Посочува дека можеле да ги победат и со уште поголема разлика, а со својата изјава прилично го девалвирал Јорганџије.
,,Требаше да бидеме пожестоки во вториот дел и да им нанесеме поголема болка. Резултатот ќе беше поголем доколку не застаневме по постигнатите два гола“, изјави Анчелоти.
Симеоне не се однесуваше спортски при поразот, но треба да се напомене дека пред натпреварот овие тренери имаа топла прегратка.
Реал Мадрид е прв во поредокот во Ла Лига со 18 бодови од шест натпревари. Атлетико е седми со 10 бода.
Финишот на овој дуел донесе жестоки страсти. Дани Карвахал започна се со старт над Марио Хермос, а неколку минути подоцна играчот на Атлетико беше исклучен.