ФУДБАЛ

Карлос: Голем проблем беше што постигнав 7 гола на првите 7 натпревари. За 10 минути завршив со Интер и потпишав со Реал Мадрид

Роберто Карлос кој за многумина е нај добриот лев бек во историјата, даде интересно интервју за ФИФА на Инстагарм, и откри неколку работи што малкумина ги знаат.

Карлос, во интервјуто зборуваше за неговиот престој во Интер, трансферот во Реал Мадрид и други моменти во кариерата во интервју за ФИФА на Инстаграм.

„Во Интер ми беше дозволено да играм како крило, дури и како напаѓач. Голем проблем беше што постигнав 7 гола на првите 7 натпревари. Потоа, ме пуштија како напаѓач и многу страдав. Разговарав со претседателот да му кажам дека не можам да играм таму затоа што доаѓаше Копа Америка и затоа морав да играм како бек. Интересно е што тој ден имав средба со претседателот на Реал Мадрид, Лоренцо Санс. За 10 минути завршив со Интер и потпишав со Реал Мадрид“, рече бразилската легенда.

Тој признава дека како играч на Мадрид, неговиот омилен гол е против Барселона од директен слободен удар. Сепак, тој верува дека голот што му донел светска слава е оној против Франција.

https://www.instagram.com/p/B_KjywrgUlk/?utm_source=ig_embed

Во врска со неговите најтешки противници, Карлос ги посочи Хоакин, Ето и Фиго.

„Фиго беше многу опасен. Тој е најтешкиот противник што сум го сретнал“, вели бекот.

Бразилецот изрази и сочувство кон неговиот сонародник Нејмар.

„Нејмар е генијалец. Тој е добар, среќен, почитуван, постигнува голови, добар е во ПСЖ … Тој може да стане најдобриот фудбалер на светот во иднина“, рече меѓудругото Роберто Карлос.