Легендарниот лев бек на Реал Мадрид, Роберто Карлос во интервју за „Фокс Спорт Радио“ откри дека сака да го види сонародникот Нејмар во кралскиот тим, и како му зборува секој ден за тоа.
Нејмар е еден од играчите кој честопати се поврзуваше со Реал Мадрид, но никогаш не играше во Мадрид.
Карлос, кој е жива легенда на Мадрид, се обиде да го убеди пред неколку години, но не успеа до денес.
„Да беше до мене, Нејмар ќе беше во Реал пред многу години, но животот не е како што некој го замислува тоа“, вели Карлос.
„Овие големи играчи секогаш треба да играат за најголемите клубови во светот. Реал Мадрид е чест и привилегија за секој. Дали сакате да ја освоите Лигата на шампионите? Дојдете во Реал“.
Патем, друг Бразилец, Касемиро, неодамна зборуваше дека сака Нејмар да дојде во Мадрид. Тој со години е ви првиот тим на Реал и има освоено бројни трофеи.
„Сакав Нејмар да дојде во Реал Мадрид. Секој ден разговарав со него. Тој е одличен играч“, изјави неодамна Касемиро за „Онда Церо“.
Инаку, зборувајќи за Карлос, мора да се каже дека тој и Реал имаат освоено четири Ла Лига и три ЛШ. Тој исто така беше светски првак со Бразил во текот на неговата кариера.
А, кога станува збор за Нејмар, тој се уште е во Париз, но повторно се поврзува со заминување. Останува да се види дали тој ќе заврши во Реал Мадрид.