ФУДБАЛ

Карлос: Порано бев јас, а денес Марсело постави нов стандард за левиот бек

Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Роберто Карлос го пофали својот сонародник Марсел, кој денес го носи дресот на кралскиот тим.

Карлос смета дека Марсело во моментов е најдобриот лев бек на светот.

„Луѓето ме гледаа кога зборуваа за левите бекови, а сега Марсело постави нов стандард – јас сум многу среќен за тоа“, рече Карлос.

Не е изненадување што легендарниот Карлос го има ова мислење за Марсело, со оглед дека 32-годишниот Бразилец со години е меѓу најдобрите играчи на неговата позиција.

Со Реал, тој досега има освоено дури четири Лига на шампиони, исто толку Ла Лига, четири Светски клупски првенства, два купа на кралот и др.

Тој е член на Мадрид од летото 2007 година кога пристигна од Флуминенсе.

Тој има многу проблеми со повреди оваа сезона, па затоа пропушти дури 15 натпревари заради тоа. Тој забележа вкупно 19 настапи на сите натпреварувања, постигна еден гол и додаде шест асистенции.

ПОВРЗАНО

Ла ЛигаЛига на шампиони