Македонскиот кошаркарски претставник тимот на Карпош Соколи загуби во првиот натпревар од Лигата на шампионите на ФИБА од естонскиот првак Калев Крамо со 87:79 (25:18; 17:21; 16:23 и 29:17). Карпош Соколи не ја искористи предноста на домашен терен.
Победникот беше решен во последната четвртина која екипата на Калев ја доби со 12 поена разлика и предноста на Карпош Соколи од крајот на третиот период (62:58) беше анулирана.
Во редовите на Калев четири играчи постигнаа двоцифрен број поени, а најефикасен беше Литванецот Мартинас Мазеика со 19 поени, а најпрецизен на натпреварот беше играчот на Карпош Соколи Тадеус Мек Фејден со 23 поени.
Реванш дуелот се игра за два дена во Талин.