ФУДБАЛ

Карвахал повреден, може да отсуствува неколку месеци!

Како да не се доволни многубројните критики што Зинедин Зидан ги добива за играта, сега тој не може да смета на следните натпревари во услугите на Дани Карвахал.

Реал Мадрид преку официјалната веб-страница потврди дека Дани е повреден, но времето за закрепнување не е наведено.

Повредата не е лесна, па затоа може да биде отсутен долго време.

Реал во објавата за Карвахал напиша: „По извршените тестови од страна на медицинскиот персонал врз нашиот играч Дани Карвахал, му беше дијагностицирана повреда на внатрешниот страничен лигамент на десното колено“.

Значи, станува збор за проблеми со лигаментите на коленото, повреда што со текот на годините им создаваше многу проблеми на фудбалерите.