Фудбалерот на Ливерпул, Фабио Карваљо му се приклучи на Хал на позајмица до крајот на сезоната.
Како што соопштија од Ливерпул, Карваљо минатиот месец се врати во клубот по позајмицата во Лајпциг, каде е од почетокот на сезоната и одигра 15 натпревари.
Тренерот на второлигашот Хал, Лиам Росонере изјави дека „не може да биде посреќен“ со доаѓањето на 21-годишниот Карваљо.
Во летото 2022 година, Карваљо се пресели од Фулам во Ливерпул, за кој одигра 21 натпревар и постигна три гола.
Good luck at Hull City on loan, Fabio Carvalho! pic.twitter.com/knHcdYU7UU
— Samuel (@SamueILFC) January 10, 2024
Хал е седми на табелата во Чемпионшип и брка место во плеј-офот за место во Премиер лигата следната сезона.
