Јувентус моментално е втор во Серија А со седум бода помалку од првопласираниот Наполи. Овие клубови за два дена ќе се сретнат во Неапол во дерби натпреварот од 18. коло во Серија А.
Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец Антонио Касано го критикуваше тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри и додаде дека клубот од Торино мора да се бори за титулата во Серија А, пренесуваат италијанските медиуми. Фудбалерите на Јувентус врзаа осум натпревари без пораз во Серија А, а на сите осум натпревари не примија гол.
„Алегри вели дека одат чекор по чекор и дека минималната цел на Јувентус оваа сезона е да го освои четвртото место. Тоа е лага и го мразам. Тој многу добро знае дека Јувентус и Интер го имаат најсилниот тим во Серија А и дека треба да се борат за титулата“, изјави Касано.
Поранешниот италијански репрезентативец истакна дека никој не може да ги измами навивачите на Јувентус.
„Новинарите, поранешните фудбалери и пријателите велат дека Јувентус се враќа. Се врати на што? Можат да освојат се, но освен мечот против Лацио беа очајни. Дури и против Кремонезе заслужија да бидат поразени“, изјави Касано.
