ФУДБАЛ

Касано не штеди никого: „Потроши 100 милиони евра, а ќе заврши четврти, треба да добие отказ“

Поранешниот напаѓач на италијанската репрезентација Антонио Касано е познат како голем критичар, а овој пат негова жртва беше тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Поранешниот играч на Рома, Реал, Милан и Интер зборуваше за Бобо ТВ за неуспехот на Јувентус кој не беше конкурентен во борбата за титулата и со многу проблеми се избори за Лигата на шампионите.

„Велат дека не можат да го отпуштат бидејќи заработува десет милиони евра. Јас велам дека затоа треба. Во јануари потроши 100 милиони евра, а ќе заврши четврти“, изјави Касано.

 

Посебни симпатии има за Душан Влаховиќ кој зимата од Фиорентина во Јувентус.

„Влаховиќ ми станува драг иако не го познавам. За четири месеци даде шест гола за Јувентус. Во Фиорентина би постигнал 17. Неговиот ентузијазам паѓа. Се зборува дека играчите од средниот ред не додаваат. Неверојатно е дека напаѓач како него во неговата генерација во светот, не шутнал гол во три натпревари“, рече Касано.

 

Тој соработуваше со Алегри во Милано, а тактичкиот дел вели дека го работел неговиот тогашен помошник Мауро Тасоти.

 

Тој смета дека Јувентус треба да се ослободи од Алегри во текот на летото доколку сака повторно да биде шампион.

 

„Тие не знаат да играат фудбал. Истото ќе се случи следната сезона ако не купат четири или пет одлични играчи. Немаат игра. Дали би му дал време на Сари? Да. А Де Зерби? Да, Пиоли?