ПСЖ и Реал Мадрид наскоро ќе го одиграат осминафиналето на Лигата на шампионите.
Првата пресметка е закажана за 15 февруари на „Паркот на Принцовите“ со почеток во 21 часот, а многумина ги очекува спектакуларен натпревар меѓу овие клубови.
ПСЖ оваа сезона е меѓу главните фаворити за освојување на Лигата на шампионите, што стана главна цел на челниците на овој клуб. Парижаните летово донесоа звучни засилувања во ловот на трофејот во Лигата на шампионите, а најмногу се истакнува Лионел Меси.
Аргентинецот имаше одличен настап во дресот на Барселона против кралскиот клуб и во Париз се надеваат дека оваа серија ќе продолжи и дека на крајот ќе успеат да го исфрлат Реал Мадрид во осминафиналето.
Пред натпреварот зборуваше и играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Касемиро, кој имаше многу судири со Меси на теренот.
Касемиро изненади многумина со изјавата за Меси и рече дека за него аргентинскиот фудбалер е меѓу тројцата најдобри на сите времиња.
“Меси е еден од тројцата најдобри играчи на сите времиња. Треба цел тим да го запре, тоа не може да го направи само еден играч. Сигурно е дека љубителите на фудбалот ќе уживаат во овие натпревари бидејќи сигурно ќе бидат одлични“, рече Касемиро и продолжи.
„Меси и Роналдо го променија фудбалот. Порано, најдобрите стрелци постигнуваа 20 или 25 гола по сезона, а имаа и 40, 50 или понекогаш 60 гола по сезона, што е лудо. Тие го променија овој спорт и тоа е сигурно. Имајте јасно мислење за тоа. Ако го сакате фудбалот, тогаш сигурно го сакате Меси“.
Многумина мислеа дека Касемиро и Меси немаат најдобар однос бидејќи имаа неколку жестоки пресметки на теренот, но Бразилецот сега реши искрено да каже што мисли за еден од најдобрите играчи на сите времиња.