Во 24-то коло од ЛаЛига, Реал оствари минимална, но вредна победа на гостувањето кај Ваљадолид со резултат 0:1.
Со овој триумф, Реал се доближи на Атлетико со три бода заостанување, но и натпревар повеќе.
Дуелот против Ваљадолид донесе многу возбудувања, борби, двата тима имаа неколку убави акции и можности, а моментот на одлука се случи во 65-та минута.
Крос одлично ја исфрли топката по еден прекин, а Касемиро најдобро се снајде во шеснаесетникот на домаќините и погоди за 0:1.