Бразилскиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Касемиро започна со индивидуални тренинзи откако се опорави од повредата, соопшти англискиот клуб.
Касемиро (31) се повреди кон средината на октомври на натпреварот помеѓу Бразил и Венецуела во квалификациите за СП 2026 година.
Casemiro is back in training! 🙌 #mufc pic.twitter.com/kpIJY3XZfx
— Man United News (@ManUtdMEN) December 11, 2023
Во соопштението на Манчестер Јунајтед се нагласува дека Касемиро нема играно од октомври поради повреда на скочниот зглоб. Тој денеска одработи индивидуален тренинг во тренинг центарот на „црвените ѓаволи“ во Карлингтон. Во соопштението не се наведува кога бразилскиот фудбалер би можел да заигра за тимот од Олд Трафорд.
Касемиро оваа сезона одигра 12 натпревари за Манчестер Јунајтед и постигна четири гола во сите натпреварувања. Манчестер Јунајтед моментално е на шестото место на табелата во Премиер лигата со 27 бодови.
