ФУДБАЛ

Касиљас е номиниран за претседател на Шпанската федерација

Шпанските медиумиво последните неколку недели  објавија дека Икер Касиљас може да се натпреварува против Луис Рубиљас за функцијата претседател на Шпанската фудбалска федерација.

Легендарниот голман Касиљас беше капитен на шпанската репрезентација на две Европски првенства во 2008 и 2012 година, како и на Мундијалот во 2020 година.

Шпанскиот весник спроведе анкета во која се прашуваше „Дали Касиљас ќе биде добар претседател на Шпанската федерација?“ 93 проценти од оние што гласаа веруваат дека тој би бил квалификуван за функцијата.

Дури и во друга анкета на која навивачите беа запрашани дали ќе гласаат за Касиљас или Рубиљас, 94 проценти го избраа Касиљас.

Единствениот проблем може да биде минатото на Касиљас со Реал Мадрид, бидејќи ривалските клубови може да инсистираат дека тој нема да може да ја врши работата на неутрален начин, без да биде под влијание на „Лос Бланкос“.