Икер Касиљас беше еден од најдобрите голмани во светот. Тој сега ја заврши кариерата, но продолжува внимателно да ги следи сите новости, трендови и најдобрите лиги.
Шпанецот многу добро знае што е потребно за да се биде врвен голман за да има важна улога и да му помогне на својот тим да постигне добри резултати. Касиљас влезе во топ 5 на најдобрите голмани во моментов и секогаш кога се прават такви рангирања има реакции, коментари, но неговото мислење треба да се почитува.
Do you agree with @IkerCasillas and his top 5 goalies list? 🧤 pic.twitter.com/Tp4o0CPScG
— 433 (@433) September 11, 2022
Легендата на Реал Мадрид на прво место го стави Тибо Куртоа, втор е Едерсон од Манчестер Сити, а по него се Јан Облак и Марк-Андре Тер Штеген од Ла Лига. Оваа петорка ја комплетира Мануел Нојер од Баерн Минхен.