ФУДБАЛ

Касиљас му испрати порака на Роналдо: Само 750? Можеш подобро

Јувентус го совлада Динамо од Киев со 3:0 во 5-то коло од Лигата на шампионите, а Кристијано Роналдо беше меѓу стрелците.

Одличниот Португалец го постигна третиот гол, тој беше негов 750. во кариерата, а оваа информација ја коментираше и легендарниот шпански голман Икер Касиљас.

Имено, со шеговит тон, Касиљас објави: „Само 750? Можеш подобро“.

Да потсетиме, Роналдо и Касиљас ја делеа соблекувалната на Реал од 2009 до 2015 година.