ФУДБАЛ

Касиљас: „Неправда кон Хрватска!

Легендарниот Шпанец го критикуваше судењето на полуфиналниот натпревар на Светското првенство меѓу Хрватска и Аргентина.

Поранешниот шпански голман Икер Касиљас изјави дека пеналот е неоправдан за Аргентина на полуфиналниот натпревар на Светското првенство против Хрватска.

„Јулијан Алварез направи прекршок над Ливаковиќ, а не обратно “, изјави Касиљас за шпанскиот јавен сервис, пренесе денеска Хина.

Фудбалерите на Аргентина се пласираа во финалето на Светското првенство во Катар во вторник, откако ја совладаа Хрватска со 3:0.

Судијата Даниеле Орсато досуди пенал за Аргентина во првото полувреме, откако хрватскиот голман Ливаковиќ го фаулираше Алварез.

Лионел Меси беше прецизен од белата точка во 34. минута, а Аргентина лесно ги совлада ривалите по водечкиот гол во продолжение.

Поранешниот капитен на Реал Мадрид и Шпанија потоа објави анкета на Твитер, во која гласаа над 88.000 луѓе, а 54 отсто рекоа дека одлуката на Орсато била правилна.

Вечерва од 20 часот во второто полуфинале на Светското првенство играат Франција и Мароко.

Натпреварот за третото место е закажан за в сабота (16.00 часот), додека финалето е закажано за ден подоцна.