ФУДБАЛ

Касиљас се присети на срцевиот удар и откри кој постојано му се јавувал: „Малкумина го знаат ова …“

Еден од најдобрите голмани на сите времиња, Икер Касиљас доживеа срцев удар на тренингот на Порто пред неколку години, поради што мораше порано да ја заврши кариерата.

Легендарниот шпански голман претрпе срцев удар на 1 мај минатата година за време на тренингот на Порто, по што беше итно пренесен во болница. Касиљас мораше да се оперира, но имаше желба да се врати во фудбалот.

Сепак, лекарите препорачаа тој да ја заврши кариерата, што на крајот го стори и Касиљас. Тој се присети на тие денови и ги изненади сите кога откри кој постојано му се јавува и прашувал како се чувствува.

“Малкумина го знаат ова, но г-дин Жозе Мурињо беше меѓу првите со кои разговарав и тој постојано ми се јавуваше да ме прашува како сум. Се сменив после тој ден и му се посветив на моето семејство да поминувам што повеќе време со нив”, рече Касиљас.

Познато е дека Касиљас и Мурињо не беа во најдобри односи додека Португалецот го водеше Реал Мадрид, бидејќи во тоа време легендарниот голман дури и го загуби местото во почетниот состав, па затоа на крајот го напушти „Сантијаго Бернабеу“.