ФУДБАЛ

Кастинг за десен бек на Барса, четири имиња во игра, Кансело надвор?

Капитенот Серхи Роберто е вратен во средниот ред, а Серхио Дест одамна е отпишан, па Барселона до крајот на преодниот рок ќе мора да бара десен бек.

Жоао Кансело е најголемата желба на Чави, но проблемот е што Манчестер Сити сака веднаш да го продаде, а Барса најпрвин би сакала да го позајми до следното лето. Затоа во прв план дојде патувањето во Саудиска Арабија од која Португалецот има профитабилна понуда.

Сепак, на списокот на Барса има уште тројца играчи – Иван Фреснеда, 18-годишниот ас на Ваљадолид и младинската репрезентација на Шпанија, кого Деко го посакува, како и добро познатото име Хуан Фојт и Арнау Мартинез од Жирона.

Како недостижна желба звучи и Хуан Фојт (25), бидејќи Виљареал не сака да го продаде, а клаузулата е над 50 милиони евра. Чави долго време го сака Фојт како поодбранбен десен бек кој ќе донесе рамнотежа на многу поофанзивниот Балде лево.

Фреснеда наводно е договорен и треба да биде префрлен за 10+5 милиони евра, но не е невозможно да оди на позајмица за да се подобри, доколку пристигне поискусен дефанзивец.

Четврта опција е Арнау Мартинез (20), одличен десен бек од Џирона, кој има клаузула од 20 милиони евра, а долго време беше поврзуван со Атлетико Мадрид, но наводно ја одбил понудата поради Барса.

Кансело е прескап, исто како и Фојт, Фреснеда е реална опција, но сепак е „зелен“, додека Арнау Мартинез е дете на клубот, израсна во „Ла Масија“ и е еден од најдобрите дефанзивци на Ла Лига од минатата сезона.

Кој е најдобрата опција?

ПОВРЗАНО

Ла Лига