Каталонски „Спорт“ ексклузивно открива дека легендата на Баселона, Чави пристигнал во Барслелона на одмор. Сепак, весникот додава дека спортскиот директор на клубот Матео Алемани имал разговори со него, а денеска уште еднаш ќе се сретнат за да види дали има желба да седне на клупата на гигантот. Како што е познато уште пред Куман, Чави се поврзуваше со Барселона, но тогаш тој изјави дека се уште му е рано да тренира тим каков што е Барселона.