ФУДБАЛ

Каталонските медиуми објавија три фотографии како доказ дека судиите се наклонети кон Реал Мадрид

ВАР нема ист третман за секого, а во Шпанија ги обвинуваат Реал Мадрид и Барселона дека се оние кои премногу често помилувани.

Обично од Барселона ги обвинуваат Мадрид, а овие сметаат дека Каталонците се фаворит на судиите и ВАР.

Сепак, сега каталонските медиуми пронајдоа неколку „чисти докази“ за кои Реал го нарекоа ВАРдрид.

Првата ситуација е очигледно повлекување на Касемиро, но немаше пенал против Реал.

На втората фотографија е прикажан детал кога Касемиро со рака го спречува ударот на Еибар, но и тогаш ВАР не реагира, а на третата фотографија се гледа како претседателот на клубот Флорентино Перез ги поздравува судиите пред натпреварот.

Иако местото на Перез е во ВИП ложата, тој се најде во тунелот пред натпреварот, во контакт со судијата на натпреварот.

Не се сомневаме дека медиумите во Мадрид ќе најдат слични докази против Барселона …